INOXIS 800 – вграден инокс базен AISI 316L, 8 × 3 м

29 120,00 €

INOXIS 800 е најголемиот инокс базен од серијата – 8 м должина, 3 м ширина, 1,40 м длабочина и волумен 33,6 м³. Телото е од челик AISI 316L, а комплетот вклучува филтрација, LED осветлување и скали.

  • челик 2,0 мм по ѕидовите и 1,5 мм на дното, шев TIG/WIG
  • 2 џет млазници и песочен филтер со проток 8–9 м³/ч
  • вградувањето е задолжително

Често купувани заедно

Вкупно за избраните:

Опис

INOXIS 800 е најдолгиот модел во серијата – 8 м должина и 33,6 м³ волумен. Правоаголната форма и чистиот дизајн му даваат изглед на патека за пливање во дворот. Телото е цело, од висококвалитетен нерѓосувачки челик, прецизно заварено за долг век, хигиена и убав изглед. Со монтиран систем за спротивно пливање добро се справува со интензивно пливање и тренинзи.

Накратко за моделот

  • должина 8 м, ширина 3 м, длабочина на водата 1,40 м, волумен 33,6 м³
  • едно цело тело од челик AISI 316L; ѕидовите се со дебелина 2,0 мм
  • во комплетот се филтрацијата, LED осветлувањето и внатрешните скали
  • вградувањето е задолжително; монтажата на базенот и на опремата трае еден ден

Технички карактеристики

БрендMountfield
Формаправоаголна
Должина × ширина8 × 3 м
Длабочина1,40 м
Волумен на водата33,6 м³
Водна површина24 м²
Материјалчелик 1.4404 според AISI 316L: со низок удел на јаглерод, со аустенитна структура, висока отпорност на корозија и добра заварливост
Челик за ѕидовите2,0 мм
Челик за дното1,5 мм
Шевметод TIG/WIG; шевовите се брусат и дообработуваат, а по потреба се пасивираат
Вградувањезадолжително, врз армирана бетонска основа
Филтрацијапрофесионална пумпа со песочен филтер 8–9 м³/ч
Џет млазници2 бр.
ОсветлувањеLED, 1 бр.
Кварцен песок3 × 25 кг
Монтажадо еден ден на подготвен терен

Што се доставува во комплетот

  1. телото на INOXIS 800 – 8 м на 3 м, длабоко 1,40 м
  2. скимер (прелив) од нерѓосувачки челик
  3. професионална пумпа со песочен филтер 8–9 м³/ч
  4. џет млазници – 2 бр.
  5. комплет LED осветлување – 1 бр.
  6. контролна табла за филтрацијата и осветлувањето
  7. кварцен песок 3 × 25 кг
  8. вградени внатрешни скали
  9. за чистење и контрола: универзална рачка, длабока мрежа и четка од 25 см, плус тестер за pH и хлор доволен за 120 проби
  10. четири препарати Azuro – Chlor Shock 1 кг, Chlor Trio 1 кг, pH Plus 0,9 кг и 1,5 кг pH Minus

Зошто нерѓосувачкиот челик

Мазната непорозна површина тешко задржува нечистотии и биофилм, па чистењето е брзо. Истиот материјал се користи во прехранбената и во хемиската индустрија, каде што се бара максимална хигиена и сигурност, и подеднакво е погоден за приватни и за јавни базени.

  • долг век на траење и висока отпорност на корозија
  • хигиенска површина што се чисти лесно
  • фабричка изработка со прецизна геометрија
  • лесно се поврзува со современа филтрација, автоматика и атракции

Телото се изработува по нарачка – на секции или цело, според проектот, и предвидува вградени скалила, клупи и гнезда за рефлектори и млазници. Кон него се подбираат соодветна носечка основа и изолација, за базенот да стои цврсто и да ја чува топлината.

Избор: скимер или прелив

Со скимер

  • огледалото на водата е малку под работ
  • поекономично и поедноставно за изведба
  • погодно за домашни базени и типски проекти

Преливен

  • водата се прелева рамномерно низ канал по целиот раб
  • дава ефект на огледална водна површина
  • повисока класа на изведба – за модерни дворови, СПА центри и хотели

Екстри по желба

Дополнително дно

Ниска платформа во базенот – за одмор, за најмалите или како побезбеден влез.

Седиште кај скалите

Клупа од нерѓосувачки челик, вградена покрај првите скалила – за краток одмор во водата.

Конзолни (висечки) скалила

Се монтираат на ѕидот, без потпора одоздола, и изгледаат како „лебдечки“; се чистат полесно и се погодни за спа објекти и авторски проекти.

Широки скали

Скали што го зафаќаат целиот ѕид на базенот – 2 или 3 метри – и овозможуваат многу луѓе да влегуваат и излегуваат одеднаш; карактеристични за хотели и јавни базени.

Вклучена опрема и стандардна комплетација

Песочниот филтер, осветлувањето и всисна пумпа се на Speck Pumpen (Германија). Стандардно базенот е со скали од нерѓосувачки челик со квадратен профил, широки 625 мм, со заштита од лизгање, како и со тенок скимер од нерѓосувачки челик.

Цевките се флексибилни PVC FlexFit со внатрешен слој PROTECT® – отпорни на абразија и на производи со хлор, ги издржуваат притисокот на земјата и студот до −30 °C и траат пет пати подолго од обичните PVC цевки.

Одржување

Користете препарати наменети за нерѓосувачки челик. Не користете силни киселини, заситени хлорни раствори и метални четки или сунѓери.

Како се вградува

Теренот и ископот однапред ги подготвува нарачателот. Базенот е едно цело со интегрирано осветлување и прелив, па затоа вградувањето е сравнително едноставно. Редоследот е следниов:

  1. подготовка на теренот и ископ
  2. армирана бетонска основа врз слој чакал
  3. фибран за изолација на дното
  4. поставување на базенот
  5. бетонирање околу ѕидовите

Бетонот дава стабилност и цврстина и максимално го продолжува векот на конструкцијата. Потребните материјали и цртежите за подготовка на теренот се во делот „Како да го составиме?“.

Серијата INOXIS

Во фамилијата влегуваат четири модели со иста длабочина од 1,40 м и внатрешни скали: INOXIS 450 (4,5 на 3 м), INOXIS 600 (6 на 3 м), INOXIS 700 (7 на 3 м) и INOXIS 800 (8 на 3 м).

Вградените скали со тесен профил се интегрирани во конструкцијата и штедат простор.

Погледнете и: Wellness, Базени и опрема, Базени, Базени од нерѓосувачки челик, Склопливи базени Азуро, Склопливи базени Ибиза, Надувливи базени.

Може ќе Ви се допадне

Уште од Mountfield

Билтен

Вести, промоции и идеи за дома и градината

Претплатете се на нашиот билтен за да добивате вести за промоции, нови производи и други корисни информации.